Извлечен човечки труп од Вардар кај Камениот мост
Од водите на реката Вардар во Скопје вчеравечер бил извлечен труп. Засега не се знае идентитетот на жртвата.
Според информациите од Противпожарната служба, вчера од 23 и 20 до 23 и 55 траела акцијата за извлекување на трупот од Вардар, под Камениот мост. Пожарната интервенирала со две возила и шест пожарникари.