Пожар во фабрика за преработка на тутун “Сокотап“
На 14.09.2018 година во 15,00 часот било пријавено дека во Битола-с.Драгожани, во ладилна комора во магацин од фабрика за преработка на тутун “Сокотап“, избувнал пожар.
За време на пожарот во магацинот не се изведувале никакви активности и немало лица. Од страна на Територијалната противпожарна единица пожарот бил изгаснат.
Извршен бил увид на местото на настанот од страна на СВР-Битола и се работи на целосно расчистување на случајот.