Претепан ученик во двор на средно училиште
Во Секторот за внатрешни работи Скопје вчера во 09:45 часот, 38-годишниот Д.П. од Скопје пријавил дека истиот ден околу 09:45 часот во близина на средното училиште „Боро Петрушевски“, неговиот 15 годишен син физички бил нападнат од страна на неколку малолетни лица.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.