Ураганот ,,Флоренс” направи пустош во Северна Каролина

Ураганот ,,Флоренс” направи пустош во Северна Каролина

Досега се пријавени четири жртви само неколку часа откако суперураганот го погоди источниот брег на САД .

Ураганот ,,Флоренс” направи пустош во Северна Каролина, која беше прва на ударот.

Први загинаа мајка и дете во градот Вилмингтон , кој беше прв на удар на ураганот. Тие загинале кога дрво паднало врз автомобилот , додека мајката се обидувала да избега пред поплавите.

Третата жртва е болна жена , на која и се слошило , а итната помош не можела да пристигне поради паднати дрвја на патот. Како што јавуваат американските медиуми , и покрај предупредувањата да се исклучат сите апарати во поплавените региони, четвртата жртва е маж , кој се обидел да вклучи генератор за струја во областа Леноар во Северна Каролина. .

На прес конференција државниот секретар Мајк Помпео им изрази сочуство на семејствата на жртвите и рече дека претсеедателот Трамп одблизу ги следи настаните. Трамп следната недела ќе ги посети погодените региони , најави Белата куќа.

Градот Вилмингтон е целиот под вода , а преостанатите жители постојано се предупредуваат да не излегуваат надвор од домовите.

Треба да знаете
Последни објави