Мицкоски клекна на колена на маршот во Штип
Во истовреме и најголемиот противник на Договорот со Грција, ВМРО ДПМНЕ одржа марш во Штип. Лидерот на опозицијата одржа говор пред присутните во кој изнесе низа обвинувања кон актуелната власт, обвинителството, но и медиумите.
Ми велат никогаш не треба лидерот и претседателот следбениците да го видат на колена. Но, јас имам еден одговор на тоа – ако лидерот не клекне пред луѓето кои ја следат каузата за Република Македонија и за независна Македонија, тогаш не ја заслужува нивната доверба, го започна говорот претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христија Мицкоски во Штип.
Тој го обвини Заев за криминал, купување гласачи и за омаловажување на народот и рече дека државата има еден проблем, а тој се вика Зоран Заев. Нема обвинителството вечно да биде под притисок на власта, ќе дојде ден секој ќе одговара – рече Мицкоски.
Опозицискиот лидер нафрли и обвинувања на сметка на медиумите кои имале нејаснотии околу ставот на неговата партија и рече дека ВМРО ДПМНЕ има став: да остави на граѓаните да постапат по своја слободна волја и убедување.
Интересно е што Мицкоски зборуваше за слобода, а истовремено ги критикуваше медиумите кои известуваат слободно. Наследникот на Груевски клекна пред собраните приврзаници и рече дека лидерот не ја заслужува довербата на следбениците ако не клекне пред нив.