Спиела со повеќе од 2.000 мажи, но ниту еден не знаел за нејзината најголема тајна
Кристал Ворен има 48 години, а од маж станала вистинска заводничка откако подлегнала на неколку операции за промена на полот. Со промената на полот, се променил и нејзиниот сексуален живот.
Неколку месеци после операцијата, Кристал спиела со многу мажи, а дури со девет во иста вечер.
Кристал е родена како Кристоф Сноуден, а целта ѝ била да спие со 3.000 мажи до нејзиниот 50 роденден.
“За време на 14 години откако се оперирав спиев со најмалку 2.000 мажи и не планирам да престанам”, изјави таа.
Таа истакнала дека од мали нозе знаела дека е заробена во погрешно тело и дека како мала се облекувала како девојче. Во 2001 година започнала хормонска терапија и подготовки за операција. Тогаш ѝ пораснале градите, а мажите “ја нападнале” не знаејќи ја нејзината тајна.
Реакциите на мажите биле различни, но таа до 2012 година успеала да спие со 1.000 мажи.
“Помислив дека сум зависна од секс, но всушност сакам да имам секс. Јас само славам сè што ми се случува во животот. Многу ретко се случува да сретнам маж со кој ќе имам време да му ја раскажам целата моја приказна за тоа која сум навистина. Зафатени сме со други работи”, изјавила таа.