Хорор во БИХ: Ја убил мајка си, а потоа јадел делови од нејзиното тело
Истражители во Босна и Херцеговина се соочиле со глетка од хорор филм кога откопувале делови од искасапеното тело на 60-годишната Насихе Велиќ од местото Баштра чие убиство го признал нејзиниот син Сабахудин. Медиумите во Босна пишуваат дека се работи за канибал кој го јадел телото на сопствената мајка.
„Дневни аваз“ објави дека Велиќ пријавил во полиција во Сараево дека со секира ја убил неговата мајка. Полицијата го уапсила, а тој им кажал на полицајците дека ја заклал мајка си и дека го искасапил нејзиното тело. Тој рекол дека десет дена го сечел телото и дека некои делови ги запалил и ги закопал на различни локации околу куќата. Кога полицајците го прашале зошто го сторил тоа, одговорил дека бил под влијание на црна магија и дека непознати суштества му рекле да го стори тоа.
Неколку багери копале околу куќата каде биле пронајдени делови од телото на жената.
Обвинителот наредил психијатриско вештачење на убиецот и други мерки со цел да се расветли ова незапаметено злосторство и случај на канибализам во Босна и Херцеговина.