Го нападнал со нож додека седеле во ресторан во Куманово
На 15.09.2018 година во 19.05 часот во Полициската станица Куманово, С.С.(45) од Куманово пријавил дека Р.Н. со нож го нападнал и исекол на лицето и левата рака. С.С. со Д.Н. седел во ресторан на улица „Бранко Богдански Гуцман“, а околу 15.00 дошле Р.Н. и Л.Н. и седнале до нив. По кратко време Р.Н. и Л.Н. си заминале, а кога С.С.тргнал да си оди, му се доближил Р.Н. кој со нож замавнал кон него и го исекол во пределот на лицето и левата надлактица, по што побегнал.
После тоа, С.С. отишол во болницата во Куманово, каде му била укажаа помош и бил пуштен на домашно лекување. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.