Клиника за порно зависници – најмладиот зависник има само 8 години
Сопственикот на најголемата клиника за лекување на зависност од порнографија тврди дека најмладиот зависник има само 8 години.
-Ова е зависност – луѓето ги лекуваат своите проблеми со порнографија и секој пат им е потребна поголема и потешка содржина, открива Роб Ват, кој има повеќе од 13 години искуство во лекување на зависници.
-Тој е таен, срамотен свет кој луѓето сакаат да го скријат – додека не стане предоцна. Моментално работам со деца од 8 години кои гледаат тврдо порно ноќе и наутро пред да тргнат на училиште, вели тој.
-Училишниот советник и групата родители дојдоа до мене затоа што тоа што го пронајдоа на детскиот телефон не беше дури ни редовен секс. Говориме за некрофилија и бестијалност. Веќе отишло многу далеку, истакнува тој.
Работите според неговите зборува стануваат полоши. Работам со луѓе во брак, шефови на компании кои поминуваат по шест часа дневно на порно – чатови, оние кои биле со над 1000 проститутки. Еден клиент гледар порно со сообраќајна несреќа и среде ноќ излегол тоа да го одглуми.
Роб ја води Инисфри – прв долгорочен центар за лекување од порнографија и сексуална зависносност во Европа, кој е основан во 2015 година по една година работа во Приори.
Тој верува дека поради достапноста на хардкор содржина на интернет порнографската зависност е поставена така што достигнува епидемиски пропорции кога новата генерација која се родила со интернет ќе има поблеми да одржи здрава врска.
-Последиците се катастрофални, но редовните 28-дневни програми не се доволни. Отидов во 2012 година да започнам сопствена приватна пракса и тоа е сега единствена таква клиника во Европа. Верувам дека тоа е долгорочна терапија и лекување, како и периодот на апстиненицја како единствен одговор, истакнува Роб.
Тој признава дека забележал раст од 100 отсто кога се работи за порно-зависници. Последиците од зависнсота се катастрофални. „Некои од луѓето се обидуваат да ги убијата кога ќе ги откријата, некогаш нивните партнери се тие кои ги соочуваат со вистината, вели тој.
Веројатно најтажната приказна била онаа на клиент чие дете извршило самоубиство.
-Исто така гледаме луѓе со физички повреди од мастурбација до 12 часа дневно, внатрешни и надворешни повреди има и кај жените зависнички од порнографија, истакнува тој.
Кога луѓето ја користат порнографијата во текот на подолг временски период, непрекинато шест или седум часа дневно, можеби со кокаин и алкохол, тогаш линиите се замаглуваат и се развива нивото на толеранција.
Клиентиет на Роб се бизнисмени, или мажи кои држат добри бизниси, често имаат жени и деца.
Роб и енговиот тим, вклучувајќи ја и сопругата Кет која е терапевт кој лекува женски сексуални зависнички, верува дека зголемената достапност на порнографијата на интернет за младите деца значи дека следната генерација може да се бори некогаш да формира нормален, среќен однос.
-20 години подоцна, почнуваме да го гледаме врвот на ледениот брег кога се во прашање последиците врз возрасните што гледаат порнографија. Кога мажите имаат свои вистински сексуални искуства низ гледањето порнографија како тинејџери, тие никогаш не знаеле дека тоа бил било кој друг начин. Тие мислат дека така треба да биде сексот, како жените треба да бидат, истакнува таа.
Но Роб и Кет не знаат како да го решат проблемот – само како да го лекуваат.
Порно – индустријата е голем бизнис. Тоа е индустрија вредна десетина милјарди долари и премногу луѓе сакаат таа да опстане.
-Плус со различните закони за тоа што е на располагање во различни земји, изгледа дека е невозможно полицијата ефикасно да го сузбие. Секако, сакаме тоа да се случи. Овде ги гледаме ефектите. Животите се буквално уништени, вели Роб.