Актерката Ирена Ристиќ синоќа била приведена во полициската станица Беко, поради реметење на јавен ред и мир. Настанот се случил додека Ристиќ со група волонтери ги чистела отпушоци пред Владата.
-Македонија на гола кожа. Полициска Беко. Психијатриска болница Бардовци. И јас ! Победив. Се налутија што собирам пикавци пред Влада. Да не бевте емотивно врзани, пе ве изреметив? Знаете кога ќе попуштам под притисок? Никогаш! Фино сте ме процениле. Едвај ги убедив дека имам право на адвокат“, напиша актерката на својот Фејсбук профил откако е пуштена дома.
Во првата, од неколкуте објави на нејзиниот профил, таа напиша: „Пробаа да ме стават во Бардовци. Ме вратија у Беко ! Имам модрици по раце и пцовки во уши. Алтан ми е сам ! Умирам од грижа ! Имам многу да раскажам“, рече Ристиќ грижејќи се за својот миленик.