БиХ: Четири џинови ми наредија да ја убијам и изедам мајка ми
Хоророт од кој се леди крвта во вените се случи во населбата Баштра, меѓу Босанска Крупа и Бужима, а како што Сабахудин Велиќ (33) на сослушувањето во полиција рекол, ја искасапил својата мајка Н.В. (60) и го јадел нејзиното тело зошто така му наредиле четири џинови.
Сабахудин Велиќ (33) завчера од Босансак краина дошол до Сараево,од каде, како што пренесува Аваз со мобилен се јавил во полиција и рекол дека со секира ја убил својата 60-годишна мајка и ги повикал да дојдат по него.
Тој, како што наведува извор близок до истрагата, потолно ладнокрвно рекол дека ја заклал мајката и дека го преполовил нејзиното тело.
Како што течело сослуѓувањето, истражителите ги слушнале деталите од злосторството кое ги потресло. Имено, осомничениот на зачудените иследници им рекол дека десетина дена го сечел и јадел делови од телото на несреќната жена, а остатокот наводно го распарчил, запалил и потоа го закопал на различни локации околу куќата.
Истражителите не можеле да веруваат во тоа што го слушнале па неговите изјави отпрво ги зеле со резерва. Меѓутоа, кога го прашале зошто ја убил мајка си, тој рекол дека бил под влијание на црна магија, и таканаречена сихира, и дека му доаѓале пред очи четири џинови кои му наредиле тоа да го направи.
По оваа ужасна изјава сараевские полицајци веднаш контактирале со колегите од специјаланта единица од МВР кои цела ноќ ја проверувале веродостојноста на изјавите на канибалот, а во меѓувреме и неговиот брат В.И. се јавил во полиција и изразил сомнеж дека неговиот брат Сабахудин ја убил мајката и дека тоа му го соопштил по телефон пред да се предаде во полиција.
Во текот на ноќта Сабахудин Велиќ е пренесен во Босанска Крупа, каде е одведен на реконструкција на злосторството за да покаже каде се деловите од телото на неговата мајка, но не можел да се сети на точните локации. Неколку багери прекопувале во близината на куќата на Велиќ и пошироко, а вчера попладне се пронајдени делови од телото на несреќната жена.
Мештаните вербално и физички ги напаѓале новинарските екипи кои се обидувале да го снимат увидот, а кога полицијата и истражителите сфатиле со што се соочуваат, го затвориле поширокото подрачје и забраниле секаков пристап до местото на злосторството.
Според неофицијалнтие информации С.В. страда од одредена душевна болест. Тој по реконструкцијата е одведен во Обвинителството каде е повторно сослушан. Обвинителот нареди тимско психијатриско вештачење за да утврди дали бил пресметлив.