Основното јавно обвинителство Скопје започна истрага против 53-годишен скопјанец за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи.
Јавниот обвинител од ОЈО Скопје ценејќи дека се исполнети законските основи за определување мерка притвор за осомниченото лице до судот достави предлог и со решение на осомничениот му определи притвор во времетраење од 30 дена.
Како што соопшти ОЈО Скопје, при рутинска контрола на возило марка БМВ на 15-ти овој месец во 15:00 часот, на бул. „Александар Македонски“ во Скопје, пронајдено е оружје и тоа пиштол, 43 куршуми од 9мм и 15 куршуми од 7,6 мм. Возилото го управувал осомничениот, педесет и тригодишен жител на Скопје.
По барање на јавен обвинител и одобрување од надлежниот суд, извршен е претрес на домот на осомничениот каде се пронајдени парчиња опрема, маскирни униформи со лого на организација, фантомки, ножеви, комплет униформа со маскирна шара, футрола за рамки за пушка, нож-Бодеж, двоглед и друга опрема.