Тодоров: ВМРО ДПМНЕ не смее да го бојкотира референдумот
Поранешниот вицепремиер Никола Тодоров кажа дека ќе гласа на референдумот за ЕУ и НАТО, но против Договорот со Грција. Ова тој го соопшти на трибината во МНР: ,, Дебатираме за НАТО,, на која присуствуваа и шефот на македонската дипломатија Димитров, поранешниот министер за надворешни работи на Бугарија,Соломон Паси, амбасадорот на Холандија Пломп, Исмет Рамадани од Евротлантскиот совет.
Тодоров исто така рече дека ВМРО ДПМНЕ не смее да повикува на бојкот и да остане „мала, гласна но изолирана група“.
„Јас на референдумот ќе гласам и овој мој став не е спротивен на партискиот став кој остава простор секој да одлучи како ќе постапува на денот на референдумот. Ќе гласам за ЕУ и НАТО, а против Договорот“ кажа Тодоров.
Тој објасни дека на гласачкото ливче ќе заокружи и ,,да,, и ,,не,, затоа што како што рече, тој е конзервативец и срцето не му дaва да гласа „за“.
Поранешниот вицепремиер и член на Извршниот Комитет на ВМРО ДПМНЕ рече дека му е познат и регионалниот контекс и фактот дека тешко можело да се постигне подобар договор во овој момент, но како што рече освен овие рационални факти има и емоции кои не не му дозволуваат да се изјасни позитивно на референдумот.
За ставот на ВМРО ДПМНЕ, Тодоров вели дека партијата не смее да бојкотира.
„Партијата не смее да бојкотира. ВМРО ДПМНЕ не смее да биде мала, гласна изолирана група на граѓани со чиста мисла која ќе биде контаминирана со лажиче фекалии. ВМРО ДПМНЕ тереба да биде силно мнозинство и не може да дозволи да бојкотира. Уште повеќе што партијата е уставотворна и државотворна партија и не може да дозволи да следи некои групи кои заговараат бојкот “ кажа Тодоров.