Девојче прегазено во Автокоманда, итно пренесено во Болница
Нова сообраќајка се случи денеска напладне во скопската населба Автокоманда. Возило прегазило девојче кое е пренесено на интензивно лекување на КАРИЛ.
Според официјалните информации од Министерството за внатрешни работи, несреќата се случила во 12 часот, кога возило удрило во девојче, пешак. Од полицијата немаат други информации, бидејќи увидот е во тек, а сообраќајот одреден период беше во застој.
Вчера во сообраќајна несреќа во скопската населба Ново Лисиче комбе удри во дедо, баба и нивната внука. Бабата им подлегна на повредите, а девојчето е задржано на лекување.