Марјана Станојковска се расплака во Бекстејџ – Многу ми е тешко без Влатче!
Марјана Станојковска во премиерното издание на “Бекстејџ” видно потресена и со солзи во очите зборуваше за Влатко Илиевски со кого беше исклучително блиска.
“Многу ми е тешко, кога прочитав за неговата смрт не можев да си поверувам”, рече Марјана во емисијата и се потсети на најубавите моменти поминати со Влатче, притоа додавајќи дека се слушнала со него само неколку дена пред да почине.
Инаку, Марјана и Влатко Илиевски беа првиот водителски пар на најгледаниот естраден магазин на домашен терен, а првиот дел од емисијата беше посветен на ликот и делото на Илиевски каде покрај Станојковска, зборуваше и неговата прва љубов – актерката Ана Стојановска, а беа прикажани и снимки од домот на Влатче.