Ја гледал ќерката како спие, па се заледил: Камерите снимија ужасна глетка
Стивен Армстронг се исплашил кога го видел „ужасниот летачки педмет“ покрај креветчето на својата 13-месечна ќерка Ел која ја гледал како спие.
31-годишниот вели дека морал да собере храброст за да влезе во нејзината соба кога го видел „летачкиот предмет“.
„Се заледив и не се мрдав. Не верувам во духови и такви работи, но ова беше ужасно“, рече тој.
Како што се наведвуа, тоа не е негово прво вакво искуство во нивниот семеен дом во англисот град Блајт. Стивен тврди дека и претходно видел мистериозна кукла во нејзиниот кревет.
„Практично заборавив на таа кукла, си реков на себе дека мора да биде нешто друго – мора да има друго објаснување. Кога ја погледнав камерата, пребледев и морав да соберам храброст за да влезам во соба“, вели тој.
„Кога влегов, изчезна“, вели Стивен кој се обратил со истражителката на паранормалното Семи Ролинсон. „Тоа изгледа како топка, некој од ’другата страна’ го посети детето”, рече Семи.
Стивен вели дека и натаму ништо не му е јасно. „Прво мислев дека можеби станува збор за прашина. Но движењето, прво во една насока, а потоа вртењето беше некако чудно. Бев многу исплашен“, вели Стивен.