Членството во Европската Унија и НАТО за младите во Република Македонија значи поквалитетно образование, подобар образовен систем, можност за студирање на најдобрите универзитети во Европа, пристап до европските образовни и младински програми. Сето тоа значи подобро платени работни места и подобар живот, порача заменик-министерот за образование и наука, Петар Атанасов.
„Сите се залагаме за поквалитетно образование. Со нашиот европски пат ќе добиеме поголем пристап до европските образовни младински програми и можност за студирање на најдобрите универзитети. Истовремено, ќе ги надградиме нашите образовни стандарди преку европските проекти ‘Еразмус плус’ и други. Ќе изградиме подобар образовен систем, а нашата крајна цел е европско образование овде, во Македонија. На 30 септември бараме поддршка од сите млади, поквалитетно образование ќе значи подобро платени работни места и подобар живот“, изјави заменик-министерот за образование и наука, Петар Атанасов.