На Бејл не му недостига Роналдо:Сега сме опуштени, работиме за тимот,а не за еден играч

Се случи очекуваното: По заминувањето на Роналдо од Реал, Герет Бејл конечно почна да ја покажува својата вистинска вредност. Во пет натпревари од новата сезона, тој има три гола и три асистенции. Неодамнешната резерва стана прва ѕвезда во тимот кој три пати по ред стана европски шампион.

Токму последната, третата континентална титула во низа, Бејл по влегувањето од клупа во финалето против Ливерпул, успеа да погоди и да му ја донесе на Реал Мадрид.

Во тоа финале тој влезе во 61 минута при резултат од 1:1, а само три минути подоцна го постигна едниот од најубавите голови, кој некогаш бил постигнат во финалињата од ЛШ. Со ножички му донесе предност на Реал, а потоа погоди и за конечни 3:1 и нов триумф на Реал Мадрид.

Но, ниту најмалку не го теши тоа што тој стана првиот играч кој откако влегол од клупата за резерви постигнал два погодоци, во некое финале од ЛШ.

„Искрено бев лут, многу лут што не играв од почетокот на тој натпревар, бидејќи го заслужив тоа. Во тоа време бев во фантастична форма (четири гола во претходните три натпревари) и беше тешко да ја победам лутината, но таа ме подготви за головите кои ги постигнав“, изјави тој.

Не е тајна дека Роналдо и играчот кој пред пет години дојде како најскапиот фудбалер на Реал Мадрид, не се сложуваа најдобро.

Без разлика на многуте сцени, каде може да се забележи како заедно слават голови со насмевки на лицата, овие двајца фудбалери не беа толку добри пријатели, а тоа може да се забележи и во одговорот на Бејл, на прашањето како е да се игра во тимот на Реал без Роналдо.

„Реал без Роналдо? Очигледна е мала разлика во однос на тоа кога во екипата нема така голем играч. Но, сега сме опуштени. Сите работиме за тимот, а не за еден играч“, нагласи Бејл.

Треба да знаете
Последни објави