Брза, лесна и едноставна торта, готова за 15 минути.
Состојки:
500 грама мелени бисквити
200 грама мелени ореви
200 грама шеќер во прав
200 грама маргарин
100 грама чоколада за готвење
200 мл сок од портокал
2 кесички шлаг пена за декорација
Подготовка:
Растопете ги маргаринот и чоколадата. Во длабок сад измешајте ги мелените бисквити, мелените ореви, шеќерот, а потоа додадете го сокот од пртокал и растопениот маргарин и чоколадата.
Целата смеса замесете ја добро, потоа во мала тавка ставете дел од смесата, па исечкајте еден ред чоколадни банани. Постапката повторувајте ја се додека имате од смесата и чоколадните банани. Готовата торта ставете ја во ладилник неколку часа добро да се излади, а потоа декорирајте со шлаг пена .