Два штаба на политичката партија СДСМ во Прилеп биле искршени од засега непознати сторители.
Утринава околу 9:40 часот во населба Точила во Прилеп било пријавено оштетување на општинска канцеларија на СДСМ, при што со камен е скршено едно стакло.
Еден час подоцна било пријавено дека се искршени прозорците на штабот на партијата и на улица Орде Чопела.
Полицијата презема мерки за расчистување на случаите.