Митрополитот Европски, Пимен, се приклучи на кампањата „Излези ЗА европска Македонија“. Во кусото видео обраќање, владиката Пимен вели дека референдумот на 30 септември е историска шанса кога одлучуваме за иднината на земјата и затоа тој ќе излезе и ќе гласа „за“.
За претстојниот референдум, претходно се огласи и Синодот на МПЦ-ОА. По седницата одржана на 13 септември, Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква-Охридска архиепископија, соопшти дека граѓаните на Република Македонија се политички зрели и оти на претстојниот референдум слободно по свое сопствено уверување ќе го остварат своето демократско право на избор.
– Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква-Охридска архиепископија ја изразува својата доверба во политичката зрелост на граѓаните на Република Македонија, кои на престојниот референдум, слободно и по свое сопствено уверување ќе го остварат своето демократско право на избор, се наведува во соопштението од Синодот на МПЦ-ОА.