ПАНИКА во Аеродром евакуираат зграда

ПАНИКА во Аеродром евакуираат зграда 

Поради остар мирис кој го отежнува дишењето евакуирани се жителите од станбениот комплекс во ТЦ „Скопјанка“, во  Аеродром.

Командирот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје,  Звонко Томески за МИА изјави дека повредени нема. Во тек е интервенција и известени се и другите служби.

Според првичните информации, пријавено е во полиција дека некој фрлил непозната материја во еден од влезовите.

Во моментов полицијата врши увид, а на терен се противпожарно и амбулантно возило.

Треба да знаете
Последни објави