Ферид Мухиќ и Курто Дудуш ќе сведочат за тоа што виделе на крвавиот четврток

Сашо Коцевски, Ферид Мухиќ, Курто Дудуш и новинарката Душица Мрѓа, денеска, во кривичниот суд ќе сведочат за тоа што виделе на крвавиот четврток 2017 година.

Сведоците се по предлог на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Обвинителството предложи 36 сведоци, меѓу кои и еден загрозен сведок. На следното рочиште на 21 септември ќе треба да сведочи Агим Нухиу.

Меѓу обвинетите за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста се: поранешниот директор на БЈБ, Митко Чавков, пратениците Љупчо Димовски, Љубен Арнаудов, Јохан Тарчуловски, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, како и предводниците на протестите „За заедничка Македонија“, Борис Дамовски, Владо Јовановски, Игор Дурловски.

Обвинети се и Горан Ѓошевски, личното обезбедување на тогашниот претседавач на Собранието, Трајко Вељановски, разрешениот ексначалник во МВР, Оливер Поповски, Мунир Пепиќ, вработен во Агенцијата за разузнавање, собранискиот обезбедувач Абдулфета Аљими, Јане Ченто, претседателот на патриотското здружение „Пере Тошев“ од Прилеп, началниците во МВР – Душко Лазаров и Митко Пешов, Горанче Ангеловски – Ќосето, Александар Василевски – Нинџа, Митре Питроповски…

Судијката Добрила Кацарска, која постапува по предметот, закажа уште 50-ина рочишта до крајот на јануари 2019 година.

Треба да знаете
Последни објави