Шилегов потврди: Миризбата во зградата во Аеродром биле користени пелени кои не се фрлени
Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов потврди дека миризбата во зградата во Аеродром биле користени пелени кои не биле фрлени. Според него, граѓаните по шест часа можат да се вратат дома. Во посочениот стан со број 11 живееле две жени од кои едната е 90-годишна. Еден од станарите, вели дека тоа не е причина за миризбата.Граѓаните пријавија непријатна миризба и проблеми со респираторниот систем. Градскиот штаб излезе на лице место. Го обезбедивме просторот. Повикавме посебни единци бидејќи граѓаните се жалеа дека миризбата влијае на нивното здравје. Во станот број 11 се најдени користени пелени кои не биле фрлени. Моментално полицијата и противпожарните екипи вршат увид. Откако ќе завршат, екипи за дезинфекција ќе го исчисти станот. Повикани се и екипи од Центарот за социјални работи за да ги згрижат станарите од станот 11 за да не дојде повторно до ваква непријатна ситуација“, рече градоначалникот Шилегов.
Станар од зградата вели дека тоа не е причината за миризбата бидејќи специјалци со гас-маска ја ваделе неговата внука од домот.
„Нека утврдат стручни лица, за да се види што е. Син ми кашла. Како може да е од амонијакот?“, прашува станарот.