Премиерот Зоран Заев патува за Вашингтон каде утре (20 септември) ќе има билатерална средба со американскиот потпретседател, Мајк Пенс.
Како што информираат од владината прес-служба, средбата ќе се реализира на покана на потпретседателот Пенс, а на неа ќе се разговара за напредокот на Република Македонија кон членството во НАТО.
Официјалната посета на Заев во Вашингтон следува откако земјава ја посетија високи американски претставници како секретарот за одбрана Џејмс Матис и помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања, Вес Мичел, во пресрет на референдумот за Договорот со Грција закажан за 30. септември.