Фудбалерите на Интер синоќа со победа ја отворија новата сезона во Лигата на шампионите – на „Џузепе Меаца“ во Милано беше поразен Тотенхем со 2:1.
Интер губеше до 86-та минута од лондонски Тотенхем, меѓутоа во самата завршница од натпреварот, Икарди маестрално погоди за 1:1, а во судиското продолжение Весино погоди за голема победа на Италијанците.
„Сите беа во шеснаесетникот, а јас решив да останам надвор. Тогаш Асамоа фантастично ми асистираше и погодив. Го направивме тоа што требаше да го направиме“, изјави Икарди и додаде:
„Знаеме дека имаме силен тим и дека можеме да играме против било кого. Го чекавме натпреварот три месеци и тоа сега ќе ни даде сила за во првенството. Сепак, еден натпревар не значи ништо. Мораме да останеме смирени“, изјави Икарди.