Листа на пратеници на ВМРО-ДПМНЕ кои нема да гласаат за уставни промени
Според досегашните истакнати ставови на своите профили на социјалните мрежи, може да се направи листа на пратеници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ кои нема да гласаат за уставни промени, иако лидерот на партијата Христијан Мицкоски синоќа во телевизиска емисија потврди дека ќе се почитува граѓанската волја доколку референдумот на 30 септември мине со цензус и мнозинството гласа „За“.
Такви декларации досега преку Фејсбук соопштиле Дафина Стојановска, Зоран Илоски, Емилија Александрова, Димитар Стевананџија, АнаЛашкоска, Павлинка Честојнова, Никола Мицевски, Магдалена Манаскова, Трајче Димков, Лилјана Затуроска, Лилјана Кузмановска, Васил Пишев и Влатко Ѓорчев.
ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата имаат 48 пратеници. Пратеници од нивната предизборна коалиција веќе изјавија дека тие ја поддржуваат политиката на мнозинството во парламентот а тоа се Панчо Минов, Стојан Илјанов, Љупчо Димовски, Владанка Авировиќ, Зекир Рамчилов, Амди Бајрам, Чедомир Саздовски и Јусуф Хасан.
Веќе долго време се шпекулира дека 11 пратеници на ВМРО-ДПМНЕ во декември ќе гласа “за” уставните измени. За промена на Уставот се потребни две третини од вкупниот број пратеници, односно 81 гласови.