Кристијано Роналдо синоќа на дуелот против Валенсија го доби првиот црвен картон во својата кариера во Лигата на шампионите.
После дуелот со Муриљо и нервозната реакција, судијата Феликс Брих му додели директен црвен картон на фудбалерот на Јувентус, а одлуката го шокираше Роналдо кој се фрли на тревата и почна да плаче.
На никого не му беше јасно зошто Брих му додели толку строга казна на Португалецот, а сега италијанските медиуми пренесуваат дека Роналдо поради директниот црвен картон би можел да добие и три натпревари суспензија.
Доколку се случи тоа, на Роналдо нема да му се исполни сонот за да се врати на „Олд Трафорд“ и да заигра против „своите“ – Манчестер Јунајтед во групната фаза од Лигата на шампионите. Како што пренесуваат италијанските медиуми, токму поради ова Роналдо не можел да ги сопре солзите.