Се укинува постапката против Зоран Божиновски за злосторничко здружување. Судијата Владимир Туфегџиќ на почетокот од денешното рочиште за случајот ,,Шпион” кажа дека се укинува постапката против Зоран Божиновски за злосторничко здружување поради застарување на случајот.
Божиновски се товари за дела што ги сторил од 2009 до 2011 година.
На денешното рочиште повикан е бизнисменот Минчо Јорданов, кој ќе сведочи пред Судечкиот совет.