Без разлика дали се подготвувате за некој маратон или само рекреативно трчате, грчевите и воспаленијата можат да се претворат во ноќна мора и да ви го уништат спортскиот ентузијазам.
Неколку совети од експерти, за тоа како да ги избегнете овие проблеми при трчање.
Еве неколку препораки:
1. Пијте вода
Редовното пиење на вода прави чуда за вашиот организам – од намалување на главоболката, до губење на килограми, па се до подобрување на вашите атлетски способности. Иако не е докажано дека дехидрацијата предизвикува грчеви, експерти веруваат дека водата може да го намали степенот на болка кој тие го предизвикуваат.
2. Консумирајте електролити
Кога немате доволни јони во телото може да дојде до слабеење на мускулите, воспаленија и грчеви. Главните електролити во телото вклучуваат калиум, натриум, калциум и магнезиум. Земањето на намирници богати со хранливи состојки, како банани, кисели краставички и јогурт, ќе ви помогне правилно да ги балансирате електролитите.
3. Истегнете се пред трчање
Истегнувањето пред трчање ќе ви помогне да се загреете, односно да ги спречите непосакуваните последици после трчањето (воспаленија и грчеви), но и да избегнете повреди.
4. Немојте да јадете пред тренинг
Експерти препорачуваат да не јадете до два часа пред тренинг, како и да не пиете преголеми количини на течности. Истражување од 2005 година, покажа дека луѓето кои трчаат, а кои јаделе голема количина на храна од еден до два часа пред тренинг, развиле симптоми на болка која е поврзана со физичката активност.
5. Следете како храната која ја јадете реагира на вашето тело
Внимавајте во текот на неделата за тоа како одредена храна влијае на вашата психа и на вашиот организам. Забележувајте дали сте уморни или чувствувате подуеност, или пак помалку енергија кога јадете некоја конкретна храна. Ова е добро да го знаете, бидејќи на тој начин ќе создадете рутина која најмногу ви одговара.
6. Почнете бавно и со полесно темпо
Секој кој се натпреварувал во трчање знае дека не треба уште на почеток да дадете се од себе. Почнете со полесно темпо, а потоа забрзувајте. Така ќе спречите воспаленија, кои сигурно ќе се појават ако почнете да трчате пребрзо од самиот старт.
7. Контролирајте го дишењето
Доктор вели дека поголемиот дел од грчевите прекинуваат да се појавуваат кога ќе почнете длабоко да дишите, користејќи ја дијафрагмата.
Ако не ја користите вашата дијафрагма, ќе го ограничите снабдувањето со кислород, а тоа може да биде причина за појава на грчеви.