Направете вкусни бомбици кои се топат во уста.
СОСТОЈКИ:
300 гр шеќер
1 дл вода
125 гр маргарин
200 гр бисквити мелени
200 гр мелени кикиритки
ГЛАЗУРА:
100 гр чоколадо
20 гр маргарин
3 лажици масло
200 гр ситно сечени кикиритки
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Се вари водата со шеќер и се додава маргарин, па се лади и се додаваат мелените бисквити и кикиритки.
Се лади и се обликуваат бомбици.
Се растопува чоколадото со маргарин и масло, па се ставаат бомбиците во глазурата, а горе се наросуваат кикиритки.