Франческо Тоти откри дека се обидел да ги доведе Кристијано Роналдо и Златан Ибрахимовиќ во Рома.
Легендата на Рома се пензионираше како професионален фудбалер пред две години, а сега извршува една од директорските функции во клубот од „Олимпико“.
„Секогаш сум говорел дека се големи играчи, вистински шампиони кои се потребни за освојување на титули. Се надевав дека Роналдо, Ибрахимовиќ и уште некои други великани ќе дојдат во Рома, но за жал имавме финансиски ограничувања и не можевме да трошиме премногу. Се обидов да ги доведам овие две големи имиња во Рома“, изјави Тоти.