Општина Бутел го одбележа Светскиот ден на мирот
Во Градскиот парк околу 100 ученици од седумте основни училишта од Општина Бутел го одбележаа Светскиот ден на мирот.
Учениците кои се дел од проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието, Меѓународниот ден на мирот го одбележаа со повеќе активности.
Имено, учениците беа поделени во три групи, облечени во маици со црвена, жолта и зелена боја. Учениците од првата група цртаат графити со мировни пораки, на задниот надворешен ѕид од Зоолошката градина. Втората група го реализираше отворениот час за еко патрола, при што ги мапираа проблемите во паркот и даваа предлози за подобрување н анеговиот изглед. Третата група ја одржа дискусија на тема за меѓуетничката интеграција и граѓанските и демократските вредности кај младите.
Градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски целовреме се дружеше со учениците, посочувајќи ги вредностите од денешната манифестација посветена на Светскиот ден намирот.