Просото е хранлива и здрава житарка која делува така што ги разградува камењата, песокот и талогот во бубрезите и мочниот меур.
Бубрежните камења можат да поминат преку уринарниот тракт без големи тешкотии ако се поситни, а за таа цел е потребно да пиете многу течности. Ако станува збор за поголем камен или за повеќе камења тоа е многу болен процес и бара помош од лекар.
Бубрежниот камен можете да го решите и на природен начин, а најлековитата супстанца за тоа се наоѓа во просото кое уште многу одамна се користи во медицински цели.
Кај бубрежниот камен просото делува така што ги разградува камењата, песокот и талогот во бубрезите и мочниот меур.
Напиток против бубрежен камен
Состојки:
– 200 грама просо
– 2 литри вода
– Тенџере од 3 литри
– Тегла со капак
Подготовка:
1. Навечер пред спиење измијте го просото во топла вода и оставете го така да отстои преку ноќта.
2. Наутро просото ставете го во поголемо тенџере.
3. Загрејте 2 литри вода до зовривање и прелијте го просото кое претходно го ставивте во тенџерето.
4. Поклопете го тенџерето и оставете го да отстои така цел ден.
5. Вечерта или следното утро промешајте и процедете, а тешноста ставете ја во тегла и затворете ја.
6. Течноста пијте ја секој ден без прекини 10 до 15 дена во неограничени количини (минимум 300 милилитри дневно).