Холанѓанец пронајден мртов во Охрид
Во текот на вчерашниот ден околу 08:30 часот во с.Трпејца- Охрид, во вила бил пронајден починат К.Ј.Т. (79) од Холандија, информираат од МВР.
Смрт без видливи траги на насилство констатирал доктор од Итна медицинска помош .
Како што информираат од полицијата по наредба на Јавен обвинител, телото е предадено на обдукција.