53.500 вработени во здравство, градинките,основни и средни училишта се покачи платата

53.500 вработени во здравство, градинките,основни и средни училишта се покачи платата

Околу 53.500 вработени во здравство, градинките, основните и средните училишта од овој месец добиваат покачување на платата за пет отсто. За оваа намена од државниот буџет издвоени се 4 и пол милиони евра.

-Јасно ни е дека не се работи за голема промена. Промената е согласно можностите, но насоката е јасна. Образованието и здравството се темели на општеството и не смееме да дозволиме земјата да биде на дното на ПИСА-тестовите и не смееме да дозволиме докторите да се иселуваат или да си одат од јавното здравство.

Наставниците ќе добијат покачување без разлика дали се ангажирани на неопределно или на определено време.

-Со потпишаните спогодби на вработените во образованието им се гарантира најнискиот износ на плата, и тоа 12.714 денари во основните училишта и 13.117 во средните училишта, рече министерот за образование и наука, Арбер Адеми.

Министерот за здравство вели дека една од клучните компонентни на Владата е зголемување на платите.

-Убеден сум дека со зголемување на надоместокот за прекувремена работа, дежурства и ноќен труд, нешто што го направивме претходно, како и зголемување на платите ќе се даде значаен стимул за подобрување на положбата и достоинството на сите работници во македонскиот здравствен систен, посочи министерот Венко Филипче.

Министерката Царовска потсети дека освен овие пет отсто, воспитувачките минатата година добија покачување од два отсто.

-Заедно со вработените и со синдикатите работиме на создавање систем на професионален развој во предучилишно образование и кариерно зголемување на платите понатаму, рече Царовска.

Тевдовски вели дека ова зголемување било најавено уште минатата година и било внесено бо Буџетот уште пред да се знае дека ќе има референдум.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ во реакција на прес-конференцијата соопшти дека СДСМ од опозиција најавуваше подобри услови во образованието, а сега од позиција на власт им ги замачкува очите на просветните работници со минимално покачување.

-Здравствените работници се жртва на лагите на СДСМ. Наместо најавеното покачување од 15 отсто во првите шест месеци кога ќе дојдат на власт, кое не го добија, сега им се нуди само пет проценти, се вели во партиската реакција.

Оттаму потенцираат дека граѓаните се жртва на неработењето на оваа власт.

Треба да знаете
Последни објави