Како луѓето стануваат религиозни?
Професор Стивен Рајс, психолог на Универзитетот во Охајо, тврди дека може да објасни зошто најголем број од светските религии се толку контрадикторни.
Тој смета дека религијата мора да им се допадне на различни типови на луѓе, за да биде успешна. Значи, на луѓето кои се скромни и тивки, може да им се допадне идејата на семоќниот бог, додека за оние кои се амбициозни и продорни, попримамлива е идејата дека бог не создал според својот лик.
– Не е важно дали бог постои или не, бидејќи целта на религијата е исполнување на нашите основни желби, смета Рајс.
– Ако сакате да градите религија, ви требаат многу следбеници и мора да одговорите на желбите на секој од нив. Ако инсистирате на тоа дека единствен начин да дојдете до бога е преку медитација, тогаш екстровертните луѓе нема да сакаат да ве следат, додека во спротивно, ќе ги одбивате интровертните. Мора да имате религија која се вклопува во вредноста на разни луѓе, додава тој.
Рајс смета дека поранешните обиди религијата да се објасни преку психологијата биле премногу тесни, бидејќи биле фокусирани на моралната рамка или на начинот на кои луѓето се носат со смртта.
Во новата книга „The 16 Strivings for God‟ тој вели дека религиите истовремено исполнуваат 16 основни човечки стремежи – љубопитност, прифаќање, семејство, чест, идеализам, независност, ред, физичка активност, моќ, романса, спасение, социјален контакт, храна, статус, мир и одмазда.
Тој вели дека, иако сите ги имаат овие основни стремежи, тие ги доживуваат на различен начин, па и нивните мотивации се различни.
Рајс испитал 100.000 луѓе за да открие на кој начин го доживуваат животот.
– Анализиравме околу 270 различни религиозни верувања и праксата и начините на кои тие се поврзуваат со основните човечки стремежи. Мислам дека се што е поврзано за религијата е израз на една од 16 стремежи или комбинација на повеќе од нив. На пример, ако сте екстремно амбициозни, ќе ви се допадне идејата дека постои творец на се што не опкружува, бидејќи тоа значи дека постои врвно и ненадминливо достигнување. Од друга страна, ако се каете поради нешто, за вас ќе важи верзијата на одмаздољубив Бог. Истата таа верзија ќе го одбие некој кој по природа е миротворец. Тие повеќе ќе го сакаат бог кој го врти другиот образ, смета Рајс.
Разликите во индивидуалните желби можат да објаснат, зошто некои луѓе прифаќаат одредени религии.
На пример, традицијата на единство внатре во христијанските цркви и гледањето на верниците како стадо, ги привлекува луѓето кои се стремат кон семеен живот.