Полициска контрола за откривање возачи кои управуваат под дејство на алкохол во Скопје
Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје на 22/23.09 .2018 година во периодот од 23.00 до 05.00 часот спроведе зајакната акциска контрола за откривање возачи кои управуваат со возило под дејство на алкохол на подрачјето на Скопје. Од страна на полициски службеници контролирани се вкупно 244 возачи, алкотестирани биле вкупно 133 возачи ,a кај 55од нив утврдено е присуство на алкохол во крвта, а еден од нив одбил да подлежи на алкотестирање. По однос на констатираните прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила кон возачи, преземени се вкупно 55 мерки . Исклучени се 56 возачи од сообраќај, времено се одземени 55 возачки дозволи, издадени се 55мандатни платни налози , еден прекршочен платен налог и откриени се 75 останати прекршоци.
Во текот на вчерашниот ден се до 24:00 часот во врска со контрола на брзина на движење на моторни возила: 80 возачи ја пречекориле брзината во населено место. Преземени се 80 мерки во врска со акциската контрола, издадени се 70 платни налози, два прекршочни платни налози, писмено опоменати се осум возачи, откриени се 32 останати прекршоци, издадени 17 платни налози и 15 мандатни платни налози.