Се маскирал во домаќинка и мамел мажи во кревет, а потоа почнувал ужасот!

Се маскирал во домаќинка и мамел мажи во кревет, а потоа почнувал ужасот!

32-годишниот Брајан Денемостје од Флорида се облекувал како секси домаќинка, заведувал мажи и ги носел дома, а сега би можел да биде осуден на 10 години затвор.
Денемостје е прогласен за виновен за неовластено снимање порно филмови и нивно ширење на интернет.
Од 150 мажи, колку што успеал да намами во кревет, барем 80 не биле свесни дека ги снима. Сите мажи на неговите снимки имаат превез преку очите или маски за нуркање. Снимките ги поставувал на својата страна “StraightBoyz.net”, која во меѓувреме е деактивирана. Меѓутоа, на разни порно страни може да се најде по некоја од снимките.
На фотографиите кои ги објавувал на Твитер и со кои им се претставувал на хетеросексуални мажи, Брајан носи перика, високи потпетици, шминка и долна облека со леопардски принт.
Тоа што го снимал, освен што го објавувал на својата страна, го продавал и на непозната личност надвор од САД.
“Кога некој ќе го прашал како може да биде сигурен дека во станот нема камера, тој им велел дека е “мажена со маж кој работи во војска” и дека не и паѓа на памет да се снима себеси со други мажи”, велат инспекторите.
Ова не се единствени проблеми со законот кои ќе ги има оваа “домаќинка”. На почетокот на летото Брајан бил казнет за секс со малолетник.
Треба да знаете
Последни објави