Температурите ќе се спуштат и до 0 – нагла промена во Македонија
Цел регион е во жолта фаза и се најавува пад на температурите како и силен ветер и невреме.
Утре во првата половина од денот во Македонија ќе се задржи топло време со умерен југозападен и западен ветер, информираа од УХРМ. Попладне, а особено кој крајот на денот поради продор на студена воздушна маса од север ќе има извесно зголемување на облачноста со услови за краткотраен дожд на северот и западот од земјава. Уште попладнето, почнувајќи од север, ќе започне да дува силен северозападен ветер со брзина од околу 90 километри на час, а тоа ќе услови нагло заладување во текот на ноќта и во наредните денови.
Дневната температура во поголем дел од земјава ќе се намали за околу 10, а на места и за 15 степени.
Од среда наутро, пак, осетно опаѓање ќе има и кај утринската температура, која на места ќе се спушти и околу нулата.
Иста е ситуацијата и во Србија каде е најавена и жолта фаза, невреме и драстичен пад на температурите.