Убиство кое ја згрози Англија: Ја обесил тинејџерката, ја снимал како умира
Џорџија Вилијамс имаше само 17 години кога ја уби насилен перверзник, која ја обесил, ги снимал нејзините последни мигови и конечно го силувал нејзиното мртво тело.
Ова ужасно злосторство, кое се случило во 2013 година, во идиличниот англиски град Телфорд, обработен е во серијалот „Убиени пред камера“.
Нејзиниот убиец, Џереми Рејнолдс (23), веќе и бил познат на полицијата. Веќе имал долга историја опасни средби со девојки кои ги познавал, а веќе и бил апсен кога имал само 17. години затоа што се обидел да задави девојка. Тогаш добил само предупредување, но полицијата само малку да изгребала под поврпината – би ја открила неговата тајна опсесија: огромна збирка таканаречени „снаф“ филмови, видео снимки од насилиство над жените, дури и убиства.
Рејнолдс им раскажал на психијатрите дека давењето го возбудува, а и неговиот очув рекол дека неговиот посинок уште како тинејџер сакал да гледа слики од голи задавени жени. Многу пред да ја убие Џорџија, очувот им кажал на полицајците дека Џејми закачувал на Фејсбук фотографии на кои се девојки кои ги познавал, измонтирани така што изгледаат како да се обесени и висат со ококорени очи.
Полицијата се знаела и не само што не реагирала, туку и не ги предупредила девојките од измонтираните фотографии за кои Рејнолдс се интересирал.
Линет и Стив Вилијамс ја обвинија полицијата дека дозволила нивната ќерка да умре.
„Без да се брза меркал кого ќе убие. За жал, тоа беше нашата ќерка“, рече во документарецот Линет Вилијамс, мајката на Џорџија. Таа и нејзиниот сопруг Стив, инаку полицаец, велат дека истрагата не е водена како што треба и дека полицијата дозволила нивната ќерка да биде убиена.
Џејми ја запознал Џорџија преку нејзината постара сестра, Скарлет, со која одел на училиште. Ја повикал на состанок неколку пати, но таа го одбила зошто имала момче. Но добронамерната Џорџиај не можела да го одбие кога ја замолил да дојде кај него и да му помогне околу проект и да му позира за фотографии. Никогаш не се вратила.
Тревога кренал таткото на Џорџија, Стив, инаку полицаец. Рејнолдс е уапсен по три дена и тврдел дка незнаел што се случило со Џорџија. Меѓутоа белешките кои ги користел при планирањето на убиството го издадоа.