Лука Модриќ се спогодил со шпанското обвинителство и го прифатил обвинението за даночно затајување.
Хрватот, го оштетил буџетот на Шпанија за 870.728 евра. Модриќ хонорарот од маркетинг правата го примал преку фирмата што ја отворил во Луксембург, со цел да не плаќа данок во Шпанија.
Управата за јавни приходи на Шпанија, утврдила дека затаил данок во износ од 290.990 евра во 2013 година и 579.738 евра во 2014 година. Даното го затаил преку фирма регистрирана во Луксембург.
Вкупната парична казна што Модриќ треба да ја плати изнесува 1,4 милиони евра.
Тој на почетокот на процесот уплатил еден милион евра, така што сега треба само да ја доплати останата сума.
Играчот на Реал Мадрид доби и затвроска казна од осум месеци, меѓутоа поради шпанските закони нема да заврши зад решетки. Законот во Шпанија не предвидува одење в затвор за вакви дела кога казната е помала од две години.