Патничка во авион забележала нешто што никој не сака да го види додека лета
Последното нешто што сакате да го видите во тие моменти е селотејп трака која држи делови на авионот. Токму тоа го забележала патничката Џесика Бејкер, која на патување го повела и својот 11-месечен син.
– Бев преплашена. Инаку не ги поднесувам летовите баш најдобро, но кога ја видов траката, станав многу нервозна, рекла Бејкер за медиумите.
Таа додала дека остатокот од летот од Нелсон до Крајстчерч на Нов Зеланд го поминала набљудувајќи ја траката.
Портпаролот на авио-компанијата изјавил дека се работи за специјална трака која често се користи за мали дефекти на леталата ширум светот.
Во меѓувреме, патниците продолжуваат да објавуваат фотографии и снимки на социјалните мрежи.