На место викано „Подводенци“ – Прилеп, во водите на локалната река вчера околу 16 часот бил пронајден починат О.Н. (67) од Прилеп.
МВР денеска соопшти дека увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Прилеп. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.