Јанакиески: Остај ги мениците на портирница во штаб кај Бришкоска

Во телефонски разговор од 2013 година, соговорник разговара со ексминистерот Миле Јанакиески. Миле му вели да ги земе мениците и да ги однесе во штабот на ВМРО-ДПМНЕ.

“Чуј се со Дејан. Земи ги мениците и однеси ги во штабот”.

Во следниот разговор меѓу нив двајца, соговорникот му кажува на Миле дека стигнал во штабот и прашува каде да ги остави мениците, на што Миле му одговара: “На портирница кај Билјана Бришкоска”.

Јанакиески прашува соговорничка дали може да се префрлат пари од донации од партиска сметка, на сметка на партијата отворена за изборите и колку точно пари, според Изборниот законик, може да донираат правни, а колку физички лица.

Во следниот разговор, Јанакиески кажува дека нашле чаре за парите и дека работата е завршена.

Треба да знаете
Последни објави