Мицкоски: Успешноста на лидерот се мери на парламентарни избори
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски не планира да се повлече од лидерската позиција во партијата доколку референумот биде успешен и граѓаните го прифатат Договорот со Грција.
На прашањето дали ќе си даде оставка доколку референдумот биде успешен, тој одговори:
-Успешноста на лидерот се мери на парламентарни избори.
ВМРО-ДПМНЕ донесе став да ги советува граѓаните сами да одлучат како ќе постапат во однос на референдумот, повтори претседателот на опозицијата, Христијан Мицкоски