Се надевам дека ќе одговараат нарачателите за 27 април, рече обвинителката Русковска

По првиот дел од судењето во кривичниот суд за настаните од 27 април, обвинителката Вилма Русковска, на новинарско прашање, рече дека се уште е во предистрага предметот за нарачателите за насилството во Собранието.

„Јас стварно се надевам дека ќе има одговорност“ рече Русковска.

Обвинителката рече дека судењата може се чини дека траат предолго, но треба да се земе предвид фактот дека станува збор за обемен предмет и многу докази и во спротивно би имало коментари дека предметот предолго се одолговлекува.

„Со ништо не е нарушено правото на одбрана. Сите до еден од обвинетите се изјаснија дека не се виновни и во нивен интерес е да заврши постапката, можеби со ослободителна пресуда“ нагласи Русковска.

На прашање дали ќе го покани експремиерот Никола Груевски да сведочи во предметот, Русковска рече дека сметала оти не треба Груевски да биде повикан како сведок и дека тоа е предлог на адвокатите на обвинетите.

„Ако сметам дека треба да биде повикан, ќе го повикам“ додаде обвинителката.

Таа посочи дека целиот предмет со доказите бил рефериран во јавното обвинителство на проширен колегиум. Судењето продолжува по еден чс пауза, каде ќе бидат сослушани уште тројца сведоци.

Треба да знаете
Последни објави