Секторот за внатрешни работи Штип поднесе кривичнa пријавa против две лица од Охрид поради сторено кривичнo делo „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”.
Пред неколку дена на локалниот пат Штип – Кочани, во близина на селото Уларци, како што соопшти полицијата, од страна на полициски службеници, при преглед на патничко возило, управувано од првопријавениот и второпријавениот како сопатник, биле пронајдени и одземени 800 грама марихуана.