Да, навистина постојат луѓе кои не можат да го поднесат вкусот на пивото, а виновна за тоа е генетиката.
Генетиката одредува како нашиот мозок ќе ги процесира студените пијалаци и напитоците со горчлив вкус. Горчливиот вкус кај некои луѓе го активира древниот аларм наместен да нè заштити од потенцијално опасна храна или пијалаци.
Луѓето кај кои тој аларм е почувствителен сметаат дека вкусот на пивото е крајно непријатен.
Нашето тело има 25 различни типови на рецептори за горчливо, додека 2 за солено. Горчината на пивото доаѓа од хмељот. Кога ќе вкусиме голтка пиво чувствуваме интензивно горчлив вкус.
„Горчливиот вкус се смета за сигнал за предупредување на можноста за труење, бидејќи многу токсични супстанци се горчливи“, се наведува во истражувањето.
Како тогаш толку многу луѓе уживаат во вкусот на пивото? За тоа се заслужни генетските варијации.