Кирацовски: Во недела, секој глас ЗА носи подобра иднина за нас и нашите деца
Денес заедно со моите колеги сме во пелагонискиот регион во општина Могила, општина Новаци и општина Битола, се со цел масовно да ги поттикнеме граѓаните да излезат во недела и да гласаат ЗА европска Македонија.
Почитувани граѓани,
Во недела се соочуваме со историска одлука. Сите подеднакво одлучуваме за нашата иднина и сите сме исправени пред предизвикот и избор дали да одлучиме за изолацијата од минатото или за напредокот од иднината.
Како генерација имаме обврска да и помогнеме на нашата Македонија да тргне напред, ова е одлука на нашата генерација.
Клучен чекор за тоа е референдумот во недела.
Во недела, секој глас ЗА носи подобра иднина на нашите деца.
Што и да направите во недела трајно ќе влијае врз иднината на нашиот живот и врз иднината на државата. Што и да направиме во недела, трајно ќе влијае врз иднината на нашите деца врз идните генерации.
Иднината на нашите деца е во нашите раце и во нашиот глас.
Недела не е ден за седење дома, недела е ден во кој се носи историска одлука.
Недела е ден за гласање и затоа сите заедно одлучно и достоинствено да гласаме ЗА интеграција и напредок, да гласаме ЗА подобра иднина за нас и за идните генерациите.
Во недела сите заедно да излеземе и да гласаме ЗА европска Македонија.